И ова е мисија на Рис Хем. На домашниот, но и регионалниот пазар да понудиме детергенти, кои не само што ќе ја оправдаат довербата која што ја уживаат кај ценетите потрошувачи, туку да испорачаме и многу повеќе од очекуваното.
Нашата цел е овие детергенти според својот квалитет да бидат рамо до рамо со светски познатите брендови од својата област. Но, истовремено да останат со цени достапни за купувачите од македонскиот пазар. Си дадовме задача да произведуваме детергенти кои што секое семејство со задоволство и гордост ќе им ја дава довербата за грижата за чист дом.