Ние сме официјален застапник на SNF Floerger, Andrézieux-Bouthéon, France глобален лидер во производството на полиакриламиди за Македонија, Албанија, Косово и Црна гора.
СНФ е специјализиран за хемија за вода. Најголем дел од производите или ја третираат и рециклираат водата, или ја минимизираат нејзината консумација. Дополнително се помага на корисниците во намалување на потрошувачката на енергија и јаглеродниот отпечаток. Како глобален лидер СНФ има развиено асортиман од над 1.000 производи кои помагаат во зачувување на природните ресурси и во заштита на животната средина.
Полимерите на база на полиакриламиди се користат во третманот на вода за пиење и отпадни води, во рударството, градежништвото, земјоделството, козметиката, во индустријата за нафта и гас, во текстилната индустрија, во индустријата за производство на хартија и друго.
Нашите полимери како коагуланти и флокуланти се користат во најголем дел од станиците за третман на вода за пиење и во пречистителните станици за отпадни води во нашиот регион.