Македонски детергенти со традиција и квалитет

 
 
 
 
 
 
 
 
 

СЈАЈ – Единствениот детергент за садови достоен на своето име

 
Со современ изглед и технолошки софистицирана формула синонимот за средство за миење садови – „Сјај“ е повторно тука. По долга пауза од пазарот, ја имаме честа да го вратиме, се надеваме на големо задоволство на купувачите, во продавниците и во секое домаќинство во земјата.
 
 
 
 
 
Вашиот омилен детергент за миење садови сега е со подобрен квалитет, формула создадено согласно современите технологии пратејќи ги светските стандарди за производство на детергенти. „Сјај“ не само што е моќен и ефикасен против најтврдокорните маснотии, има состав кој што не и штети на околината, а истовремено е и нежен кон кожата и по миењето на садовите со него нема да имате суви раце. Нашата цел да се грижиме за околината во секој аспект од производите ја потврдуваме и со изборот на пакувањето за новиот „Сјај“ користејќи материјали кои што може да се рециклираат и не ја загрожуваат животната средина. Моќен против нечистотиите и мрснотиите, а нежен за рацете како што од секогаш бил. „Сјај“ е висококвалитетен детергент за рачно миење садови кој ефикасно ги мие садовите.

Примена

Во домаќинството и угостителството за рачно миење на сите видови садови, чаши и друг кујнски прибор.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

ГОНГ – Моќен против дамките, нежен со ткаенините

 
Оргиналниот Гонг е универзален високо концентриран прашкас детергент за машинско и рачно перење бели и обоени ткаенини. Целосно е биоразградлив и безбеден за животната средина. Содржи омекнувачи за вода кои што ја штитат машината за перење од создавање бигор.
 
 
 
 
 
 
За белскаво бела облека

Содржи избелувачи на база на кислород, со што на природен начин постигнува белина на ткаенините. Ги пере алиштата исклучително ефикасно, дури и на ниски температури. Белата облека испрана со Гонг е навистина бела. Додека пак на обените ткаенини не им ја оштетува бојата. Не е погоден за волна и свила.

Преку правилна употреба до беспрекорно чисти алишта

Гонг оди чекор понатаму во едуцирањето на купувачите за начинот на користење и потребната количина на детергент. На пакувањето на „Гонг“ ќе најдете информации за речиси за секој град во Македонија дали има тврда или мека вода и во зависност од тоа колку грама детергент е потребно да се стават за да се добијат најдобри резултати. Примена: за рачно и машинско перење на бели и обоени ткаенини во домаќинството и угостителството.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

БИЉАНА – Детергент за беспрекорно чиста облека

 
Некогаш најпознатиот детергент за рачно перење сега се враќа како детергент за машинско перење и како еден од најмоќните отстранувачи на дамки. Создадовме формула која што не само што е достојна на реномето кое што го носи овој прашок, туку ќе испорача и повеќе од очекуваното.
 
 
 
 
 
Перејќи ги алиштата со „Биљана“ едноставно добивате беспрекорно чисти ткаени без разлика на степенот на валканот.

„Биљана“ е ефикасен и биолошки разградлив прашкаст детергент за машинско и рачно перење на бели и обоени ткаенини. Ја штити машината за перење од бигор.

„Биљана“ е детергент за широка намена, со пристапна цена, да ги задоволува потребите на едно домаќинство.

Примена

За машинско и рачно перење на бели и обоени ткаенини во домаќинството и угостителството.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

ЛИРА – Нежна со боите, моќна против нечистотиите

 
Лира е премиум течен детергент за перење алишта. Создаден од најквалитетни суровини. На оргиналната формула и додадовме најсовремени состојки со што добивме производ од светска класа.
 
 
 
 
 
 
„Лира“ ефикасно ги пере сите видови на шарени, црни и бели ткаенини, а притоа не ги оштетува боите. Ги штити влакната на ткаенините со формирање филм врз нив и создава ефект на обновување. Содржи висококвалитетни ензими кои што ја прават ефиканска и при перење на ниски температури. Уникатното својство и е што не дозволува меѓусебно обојување на алиштата.

Содржи специјалени инхибитори кои ги фаќаат испуштените бои од некои ткаенини, со што спречува да се обојат останатите ткаенини. Со „Лира“ слободно може да се пере џинс заедно со бела кошула и шарени маички.

Примена

За машинско и рачно перење на сите видови на шарени, црни и бели ткаенини.
 
 
 
 
 
Очекувајте ги наскоро и сите останати производи на поранешен Охис Скопје, но очекувајте и други изненадувања...