Со современ изглед и технолошки софистицирана формула синонимот за средство за миење садови – „Сјај“ е повторно тука.

По долга пауза од пазарот, ја имаме честа да го вратиме, се надеваме на големо задоволство на купувачите, во продавниците и во секое домаќинство во земјата. Вашиот омилен детергент за миење садови сега е со подобрен квалитет, формула создадено согласно современите технологии пратејќи ги светските стандарди за производство на детергенти. „Сјај“ не само што е моќен и ефикасен против најтврдокорните маснотии, има состав кој што не и штети на околината, а истовремено е и нежен кон кожата и по миењето на садовите со него нема да имате суви раце. Нашата цел да се грижиме за околината во секој аспект од производите ја потврдуваме и со изборот на пакувањето за новиот „Сјај“ користејќи материјали кои што може да се рециклираат и не ја загрожуваат животната средина.

Моќен против нечистотиите и мрснотиите, а нежен за рацете како што од секогаш бил. „Сјај“ е висококвалитетен детергент за рачно миење садови кој ефикасно ги мие садовите.

Примена:
Во домаќинството и угостителството за рачно миење на сите видови садови, чаши и друг кујнски прибор.