Со огромно задоволство и чест Ви го најавуваме враќање на четири култни македонски брендови повторно на пазарот. Некогаш најпознатите детергенти произведувани во Македонија и користени речиси од секое домаќинство „Сјај“, „Гонг“, „Лира“ и „Биљана“ стануваат повторно достапни.

Компанијата „Рисхем“ од мај 2020 е корисник на правата од индустриска сопственост и рецептурите за производство на четирите детергенти. Со производство започнавме во март 2021 , старите рецепти за производство на „Сјај“, „Гонг“, „Лира“ и „Биљана“ ги надоградивме, ги усогласивме со современите технологии и светски стандарди за производство на детергенти и им додадовме нови вредности и специфики.

На пазарот враќаме производи не само што се достојни за реномето кое што го уживаат кај потрошувачите кои со децении ги користеа туку нудиме производи кои според својот квалитет, докажаната ефикасност, модерното пакување, еколошките стандарди се во рангот на најпознатите брендови како на детергенти за миење садови, така и за перење алишта.