Оргиналниот Гонг е универзален високо концентриран прашкас детергент за машинско и рачно перење бели и обоени ткаенини. Целосно е биоразградлив и безбеден за животната средина. Содржи омекнувачи за вода кои што ја штитат машината за перење од создавање бигор.
За белскаво бела облека

Содржи избелувачи на база на кислород, со што на природен начин постигнува белина на ткаенините. Ги пере алиштата исклучително ефикасно, дури и на ниски температури. Белата облека испрана со Гонг е навистина бела. Додека пак на обените ткаенини не им ја оштетува бојата. Не е погоден за волна и свила.
Преку правилна употреба до беспрекорно чисти алишта

Гонг оди чекор понатаму во едуцирањето на купувачите за начинот на користење и потребната количина на детергент. На пакувањето на „Гонг“ ќе најдете информации за речиси за секој град во Македонија дали има тврда или мека вода и во зависност од тоа колку грама детергент е потребно да се стават за да се добијат најдобри резултати.
Примена
: за рачно и машинско перење на бели и обоени ткаенини во домаќинството и угостителството.